„БЕЛО ЛИЦЕ ЉУБАМ ЈАС“ МИ Е ОМИЛЕНА ПЕСНА: Емотивен концерт на Јелена Томашевиќ

Добивај вести на Viber

Без многу реклама, српската поп-пејачка Јелена Томашевиќ ја наполни Македонската опера и балет, на првиот солистички концерт кој се одржа вечерва. Како за прв пат, Томашевиќ пред Скопје го докажа епитетот, еден од најквалитетните вокали во регионот, и брзо создаде терен за ново концертно дружење. 

Елена Ристеска го збогати концертот.- врвна изведба на двете пејачки               „За прв пат пеам со вакви, врвни музичари“, рече таа за орекстарот на Македонската опера и балет кој ја придружуваше. Концертот беше дел од манифестацијата „Скопско лето“. „ И ја сум возбудена како и вие. Ова ми е прв пат моите песни да ги пеам во вакви аранжмани“, додаде пејачката.  Моќниот глас и милата ѕвезда е она поради кое што публиката насекаде ја сака, а скопската и подари силни аплаузи и со мерак запеа со неа. Нејзиниите „Океани“, „Кошава“, „Оро“, “Јутро“ создадоа радост и уживање, но Јелена изненади и со нејзина верзија на македонската народна „Бело лице љубам јас“. „Ова е мојата омилена македонска народна песна“, изјави таа.

Специјална гостинка на настанот беше Елена Ристеска, која за Јелена рече дека е  нејзината сестра од Србија. Елена во дует со Јелена и со придружните вокали Ана и Сара го збогати концертот пеејќи го хитот „Доживотно“.

Ѕвездата на романтичната вечер која ќе се памети, публиката ја испрати еуфорично, на нозе, со аплаузи и со вресоци. По концертот, зад сцената се создаде метеж од фанови кои чекаа на ред да се сликаат со Јелена. 

Милица Џаровска