Bergamotto di Calabria – La Spugnatura, Limited edition – Нова, мирисна симфонија на Acqua di Parma
Acqua di Parma го претставува новиот EDT, Bergamotto di Calabria La Spugnatura Limited edition.
Богат мирис, светол и полн со живот, го слави бергамот како срцевина на La Spugnatura мирисната симфонија. Мандарината и портокалот го нагласуваат сочниот, овошен акцент, додека цитронот ги истакнува киселите ноти. Зелените тонови на ферулата (род од околу 170 видови цветни медитерански растенија), ги откриваат неговите минерални интонации, а цветните траги од геранија заведуваат со заносна сладост.
Боженствена композиција создадена со единствената занаетчиска техника на извлекување есецијално масло од бергамот, спакувана во посебно, рачно направено и отсликано порцеланско шишенце. Подарок за вистинските вљубеници во брендот Acqua di Parma.
Желбата и целта на оваа позната куќа е да ги зачува најстарите и највредните занаетчиски процеси чувани во италијанските области. Потеклото на новиот мирис длабоко е вкоренето во полињата со бергамот, во областа Калабрија.
Занаетчијата со добро наострен нож ги сече овошките на две еднакви половини. Потоа, користејќи алат во облик на лажица наречен „cavatore“, ја одвојува кожата од пулпата. Веднаш потоа, кората на бергамот рачно се притиска со морски сунѓер (процес SFUMATURA) кој го абсорбира есенцијалното масло од бергамот. Во завршната фаза, занаетчијата го цеди сунѓерот полн со ова драгоцено, мирисно масло, со прецизни движења и го чува во внатрешноста на садот со теракота.
Потребни се најмалку 200кг. бергамот за да се добие килограм од есенцијалното масло. За еден ден напорна работа се собира околу 4кг. есенцијално масло од бергамот, но резултатот е неповторлив.
Уникатното порцеланско шише создадено со занаетчиско производство се карактеризира со тоа што покрај природните, минерални компоненти од кои е направено, не е пропустливо и не ја загадува животната средина.
Долготрајниот процес на изработка на овие шишенца, од истурање на смесата во специјално изработен гипсен калап, преку сушење, отстранување на неправилности, печење, сликање, доведува до специјално и рафинирано, мало уметничко дело, кое сигурно ќе го чувате како украс во вашиот дом и кога ќе го потрошите мирисот. Хармонијата е надополнета со син, порцелански капак.
Етикетата е направена од реупотребени материјали во прав, со потекло од рудник за мермер.
Дизајниран исклучиво во амбалажа од 100мл, Bergamotto di Calabria La Spugnaturа е направен внимателно до најситниот детаљ. Пумпицата може да се одвои од шишенцето.
Препознатливата Acqua di Parma цилиндрична кутија е обвиена со FSC сертифицирана хартија во посебна сина боја чиј тон е во совршен склоп со сините тонови на порцеланското шишенце. И етикетата на кутијата е направена со истиот процес и од истиот материјал како етикетата на шишенцето. Конечно, посебна карактеристика на ова лимитирано издание е малиот, златен печат кој го прикажува овошјето бергамот, со врежан натпис „Limited edition – La Spugnatura“.