Бесценето: По раѓањето, мајката го направи првиот преглед на бебето - сама

Фотограф специјализиран за породување го документирал необичното однесување на мајката која штотуку се породила. Оваа мајка, која е акушерка по занимање, го прегледала своето новородено дете по породувањето.

„Ќе се пофалам за момент со оваа мајка ... Бидејќи на повеќе од 100 фотографии од раѓање што сум ги направила, никогаш не сум документирала вакво нешто“, напишана фотографката Алекс Муни, сопственик и главен фотограф во училиштето за фотографија Александрија Муни во Сент Луис во Соединетите држави.

„Преглед на новородено бебе е работа што оваа мајка ја прави секој ден. Таа е една од најневеројатните медицински сестри што сум ја сретнала, а нејзината работа е да се грижи за новородените мали бебиња набргу по раѓањето. Таа го слуша нивното срце, им го мери обемот на главата, тежината, става нараквица, им ги зема малите отпечатоци ... и многу повеќе“, напиша фотографката.

Патем, Алекс е професионален фотограф кој официјално се здружи со Медицинскиот центар Баптист во Мисури летото 2018 година за да направи фотографски приказни од породувањата, според нејзината веб -страница.

Минатата година таа ја доби наградата на Меѓународната асоцијација на професионални фотографи кои го документираат моментот на раѓање „Најдобра при породување“.

Со фотографии од породување, таа освои неколку други награди.

View this post on Instagram

A post shared by Alexandria Mooney (@birthstoriesbyalexandriamooney)


„Кога разговаравме пред породувањето, таа ми рече дека сака самата да го прегледа своето бебе. Бев шокирана! Па, тоа е апсолутно неверојатно! Очигледно беше дека добро размислува за тоа - напиша таа.

„Се‘ е толку чудно кога се работи без ракавици“, рекла мајката додека го мерела бебето.

„Раѓањето е толку неверојатно, толку зајакнувачко“– заврши со опишувањето на објавата на Инстаграм фотографката.


Фото: Инстаграм