Беше евровизиска претставничка: Во екот на славата исчезна од сцената, се омажи за хрватски политичар, а еве како изгледа денес

Погледнете каде е, со што се занимава и како денес изгледа пејачката која имаше одлична кариера пред дваесетина години

Поп-пејачката Весна Писаровиќ пред речиси две децении имаше голема популарност и бројни хитови, а на изненадување на многумина одеднаш реши да се повлече од естрадата.

Таа ја претставуваше Хрватска на Евровизија во 2002 година, а во средината на славата реши да направи пауза од кариерата.


Пред десет години се омажи за Озрен Пуповац, синот на хрватскиот политичар Милорад Пуповац, и со него се пресели во Берлин. По некое време, таа ѝ се врати на музиката, но се посвети на друг жанр, џезот.


Во интервју за еден дневен весник пред две години таа истакна дека никогаш не зажалила за таа одлука.

- Можам само да кажам дека не жалам за оваа радикална одлука да се свртам кон џезот, кој и покрај многу трнливиот пат на долгогодишна подготовка, разни жртви и секојдневна дисциплина, всушност постојано и неисцрпно исполнува - изјави Весна за медиумите.


Фото: Инстаграм/Youtube/screenshoot

Нема да ја препознаете! Оља Карлеуша денес изгледа сосема поинаку и има нова професија (ФОТО)