Беше главен фаворит во „Ѕвездите на Гранд“, а потоа се дозна трагичната вистина: Оглуве на едното уво, еве што се случи
Моника Ивкиќ се прослави на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ каде стигна до финалето, а малкумина знаат дека талентираната пејачка има сериозни проблеми со слухот
Моника откри дека на три години го оштетила слухот, а како мала го оперирала левото уво.
- Сакав бонбони и постојано ги крадев. Имав три години, јадев бонбонче, го завиткав ливчето и го ставив во увото и никој не забележа. Парчето хартија ми беше во уво три дена, потоа се воспали и имав мини операција и оттогаш слухот ми е оштетен. Така подобро слушам на десното уво отколку на левото - изјави Моника.
Пред „Ѕвездите на Гранд“, Моника учествуваше на популарна музичка програма во Германија каде постигна голем успех.
- Освоив четврто место од 30.000 кандидати. Бев навистина возбудена, пеев странска музика, германски песни, англиски песни... Морав да се преселам таму, после првиот круг ми рекоа дека ако сакам да се натпреварувам понатаму треба да се преселам во Германија, фала му на Бога што имам семејство таму, па останав со нив некое време, па изнајмив стан. Таму сѐ е средено од А до Ш, се знае кога се интервјуата и сѐ останато. Тоа ми донесе многу, научив многу, ја запознав Мараја Кери, Кели Роланд ме пофали, гостував на MTV во Германија, потоа Кели рече дека ја потсетувам на Бијонсе. Преку натпреварот запознав многу големи ѕвезди. По тој натпревар имаше многу понуди, но јас не се пронајдов во тие работи. Не сакам да се продавам, особено не за пари, ја сакам музиката, ја сакам оваа работа. Јас не сум тип на кој треба да се каже - еве ви ги парите, но треба да го направите сето тоа. Сега не би навлегувала во таа приказна, но реков дека ќе напишам книга еден ден кога ќе пораснам, а сега не е време за тоа. Само реков дека се повлекувам и не го сакам тој лажен свет. Бев млада, немав никој покрај мене да ми кажува што да правам, исто како што сега имам тим кој стои зад мене“.
Извор: Курир