Беше најпопуларната пејачка во 90-тите, но исчезна преку ноќ: Не сака да слуша за естрадната сцена, а нејзините хитови ги знаат сите

Весна Галиот Гала зад себе има бројни хитови кои и денес се пеат!

Таа, одамна се повлече од јавноста, а денес се занимава со сосема поинаква работа.

Иако имаше успешна кариера и жареше и палеше со хитовите „Ljubavi ne znam ime", „Izaberi", „Hajde budi sam", „Vrati se", „Budim se", „Nedostajaćeš mi", „Zlatna ribica", „Tu nema sreće" и многу други без кои не помина ниту една ноќна забава ниту дискотека, во 2005 година таа едноставно исчезна и тоа “го оправда„ со тоа дека се заситила од музика и сцена, но и атмосферата што владеела.


Весна денес живее и работи во Белград како успешен работник во областа на информатичката технологија, а со музика се занимава исклучиво од хоби.


„Во моментот кога бев презаситена, кога газењето по ѓон стана доминантно во однос на квалитетот како приоритет, се повлеков, најдов нова смисла во животот и работев на полето на информатичката технологија“, откри еднаш Весна за медиумите и призна дека не била во контакт со никого од сцената.

„Не се дружев со колеги, имав приватен круг на пријатели и се почитувавме, и се‘ уште не се дружам со колегите од 1990-тите, но секогаш кога ќе се сретнеме се насмевнуваме, раскажуваме искуства од минатото и редовно споредуваме како беше тогаш и каква е денешната музика“, рече таа.

Иако во еден момент планираше големо враќање на музичката сцена, сепак се откажа.

„Во одреден момент планирав да се вратам, барав нов правец, го најдов... Но сепак не ми се допадна атмосферата што владее на сцената“, изјави таа.


Фото: YOUTUBE/M7 SCHÄFER/SCREESNHOT

Видео: Youtube

Во 90-тите мажите лудуваа по неа, а нејзината песна и денес ја знаат сите: Сега има 53 години и изгледа одлично