Бев убедена дека сум ќерка единица, а потоа дознав дека имам брат близнак 7 години постар од мене: Мајка ми заборавила што се случувало со мене
Една жена од Британија открила 26-годишна тајна кога дознала дека има брат близнак. Но, за работите да бидат уште почудни, нејзиниот брат близнак е 7 години постар од неа...
Изабел Петерсон решила да ја пронајде својата генетска мајка, која и го донирала ембрионот пред 30 години. Имено, генетските родители на Изабела, Мери Флатеквал и Колин Тортоа, вградиле три јајце клетки и замрзнале шест.
По третманот за неплодност, Мери донирала резервен ембрион на пар без деца од кој се родила Изабел.
Но, 26-годишната девојка од Вилмслоу, Чешир, добила повеќе отколку што очекувала кога дознала за близнаците.
И покрај тоа што се родени во различно време, тие се класифицирани како близнаци бидејќи се од иста група ембриони. Иако не се родени во исто време.
Изабел, исто така, откри дека го има и полубратот, Омар, во четириделната серија на ITV, "Born From The Same Stranger".
– Тоа е толку чудно чувство, подобро отколку што замислував – рекла Изабел, пишува The Sun.
Новата серија ги следи децата донатори, од кои има повеќе од 70.000 во ОК, и нивната надеж дека ќе ги следат нивните одамна изгубени роднини и родители.
Изабел има и брат Том со кој пораснала, но тие не се генетски поврзани. Братот близнак Колин исто така бил во шок, бидејќи кога ја погледнал Изабел видел многу сличности, тие имаат исти очи.
-Не можев да заспијам со денови после тоа, бев во шок - рекол Колин.
Додека Изабел можеше да ја запознае својата генетска мајка, нејзиниот татко за жал починал во 2001 година.
Изабел успеала да ја најде Мери во Норвешка, откако таа и испратила писмо на жената во кое се претставува. Сепак, стапувањето во контакт била тешка одлука и и требло време да ја дефинира.
Мери била воодушевена што ја запознала Изабел и открила дека по сето ова време заборавила на тие донирани клетки.
- Решивме да донираме и заборавивме на нив. Тоа е огромно, огромно изненадување. Тоа е како скапоцен камен што се вратил кај вас откако долго време бил изгубен - изјавила Мери.
Имено, донаторите во тоа време можеле да останат целосно анонимни и биле исплатени околу 18 евра.
Но, во 2005 година, новиот закон во Велика Британија се промени и сега децата можат да аплицираат за детали и идентификација на нивните биолошки родители од 18-годишна возраст.
Фото: Принтскрин/Јутјуб
Извор: Кurir.rs