„Бев зависник од дрога од мојата 8 година, а прв пат пробав на 6, татко ми ме навлече на тоа“: Познатиот актер шокира со исповедта

Добивај вести на Viber

Холивудскиот актер Роберт Дауни Џуниор откри дека неговиот татко му дал дрога за прв пат кога имал само шест години

Роберт Дауни Постариот бил првиот што го запознал со дрогата, а тоа се случило кога татко му(Роберт Дауни Постариот) и неговите пријатели играле покер во нивниот стан во Њујорк.

Таткото го видел шестгодишниот Роберт како пие голтка бело вино од чашата, а потоа му ја одзел чашата и му поддал џоинт и му рекол да пуши наместо да пие алкохол.

Сега веќе починатиот Роберт Дауни Постариот еднаш го опиша тоа во интервју за „Венити фер“. 

„Седевме во куќата, пушевме трева и игравме покер, а Роберт ме гледаше чудно, тој отсекогаш ги набљудуваше луѓето, дури и како дете. А потоа му дадов трева да проба наместо да пие вино. Му дадов џоинт и наеднаш бев свесен каква страшна грешка направив, давајќи му малку трева за да го расположи“, признал Дауни постариот, пренесува Index.hr.

Актерот подоцна во животот имал големи проблеми со дрогата и алкохолот, а неговиот татко дури подоцна сфатил каква лоша грешка направил кога на толку чувствителна возраст му дал дрога на својот син. Сето ова и животот на Роберт Дауни постариот се дискутира во новиот документарен филм на Нетфликс, наречен „Ср“.


Во документарецот Роберт Дауни Џуниор зборува за своето турбулентно детство, се споменува и како морал да гледа филмови за возрасни, како како режисер татко му го терал да глуми во некои пародии што ги снимал кога бил само пет години. 

Славниот 57-годишник признал и дека пораснал во семејство во кое сите конзумирале дрога, а благодарение на татко му веќе бил „навлечен“ на осум години.


Фото: Профимедиа

Видео: Youtube

Извор: блиц