Бевме во брак 15 години кога ми кажа дека е хомосексуалец: Kако живееме денес

Каролина вели дека тоа бил моментот кога нејзиниот свет се срушил.

Кога, по 15 години брак, ѝ признал дека е хомосексуалец, Каролина Хобдеј се сеќава на хоророт низ кој поминала.
Прашања ѝ ја кинеле душата: Дали тој некогаш ја сакаше? Дали сите знаеја дека тој е хомосексуалец освен таа? Дали нешто му недостасуваше во бракот?

-Се чувствував како да умирам одвнатре. Дали Дејвид ме сакаше некогаш? Дали нашата свадба, годишнина, писма и искажување на љубов - дали сето тоа беше само „добра фасада“? Дали имаше знаци што не ги препознав... се чувствував како идиот“, вели оваа повредена жена.

Ова се класичните дилеми низ кои поминува жена која се чувствува изневерена. Но, иронијата е во тоа што Каролина не откри дека Дејвид ја изневерува, туку таа го изневери него, бидејќи долго живееше во брак без секс.

Дејвид тогаш ѝ признал на својата сопруга дека е хомосексуалец и дека тоа го потиснува целиот живот.

Сега, четири години по големото признание и развод, Каролина се пошегува дека тие двајца треба повторно да се венчаат и да ја живеат староста заедно. Преку смеа, Дејвид се согласува со нејзината изјава, изјавувајќи дека неговиот партнер Енди (54) е малку љубоморен на Каролина.

Поранешните сопружници негуваат пријателски односи и тврдат дека сега се согласуваат подобро од кога било.

"Факт е дека мојот живот е побогат затоа што бев оженет со Каролина. Никогаш нема да жалам што сум бил оженет со неа, сепак ја сакам и ќе ја сакам засекогаш", признава Дејвид.

Но, не беше секогаш така. После големото признание, Каролина му се налути:

"Бев тажна затоа што тој не бил искрен со мене. Сочувствувам со товарот што го носел толку долго. 

Дејвид гледаше како страдам од вина затоа што го изневерив. Па можеше да ми каже: „Види, јас сум геј и веројатно тоа е главната причина зошто нашиот брак не функционира!“ Но, тој не го рече тоа. Се чувствував лишено од животот што можеби ќе можам да го имам. Можеби би можела да имам дете со некој што сакаше да има секс со мене. Имав такво чувство на неправда “, искрена е Каролина.

Кога се запознале, Каролина имала 24, а Дејвид 35 години. Тој вели дека веднаш се заљубил во неа, но и дека долго време криел од себе си дека сака мажи.

"Дејвид беше добар и внимателен. Нашиот сексуален живот беше доста добар, но по 18 месеци брак... ништо", вели Каролина.

Каролина страдаше од гинеколошки проблеми, а Дејвид никогаш не изрази желба за деца. Кога Каролина наполни 32 години, влезе во рана менопауза, а потоа лекарите ѝ рекоа дека нема да може да има деца.

Било многу тешко, но Дејвид бил таму, со неа, љубезен и грижлив како брат, никогаш како љубовник и сопруг.

Како одминувало времето, тој немал сексуални односи неколку години. Потоа, Каролина се сретнала со Бред, колега од работа и започнала афера со него. За прв пат по долго време, таа се чувствувала како жена.

Дејвид ги прочитал пораките на нејзиниот телефон и веднаш се соочил со неа. Каролина се изјаснила за виновна за прељуба и ја завршила аферата. Непосредно пред нејзиниот четириесетти роденден, Каролина сфатила дека Дејвид се однесува чудно.

Отпрвин помислила дека ја изневерува со друга жена, а потоа видела машко име на телефонот. Таа го прашала дали ја изневерува со Гери и тој признал. Тогаш сите коцки се наредиле во нејзината глава.

После петнаесет години брак, Дејвид ѝ признал на својата сопруга дека е хомосексуалец.

„Причината што не ѝ кажав порано е затоа што се плашев да не ја изгубам сродната душа“, вели тој.

Дејвид денес е во среќна врска со Енди, а Каролина е сè уште сама. Поранешните сопружници продолжија да се дружат и да се поддржуваат еден со друг.

извор/фото: dailymail.co.uk

-Додека јас одев на ин витро оплодување, сопругот ме изневеруваше: Писателката Симонида за најболното животно искуство