Без помош родила машко дете во два часот наутро среде море: 38-годишна мајка ја осудуваат за контроверзното породување

Добивај вести на Viber

Мајка го родила синот во многу необични околности - во 2 часот по полноќ во море без никаква медицинска помош. Бебето Мауи е родено во Карипското Море во Никарагва.

Ова е втор пат 38-годишната мајка која има пет деца да се породи во море. Џози верува во контроверзниот концепт на „слободно раѓање“ - носење дете на свет без помош од медицински професионалци, пренесува Mirror.

Имено, таа го преселила целото семејство само за да се породи на овој начин.

„Жените треба да ја планираат својата бременост и раѓањето на ист начин како што ја планираат својата свадба од соништата. Ова е најдобриот предуслов за раѓање од соништата“.

Мауи е роден околу 2 часот наутро по локално време на 11 септември 2023 година и им се придружил на својата 11-годишна сестра и тројцата постари браќа на возраст од седум, три и две години. Во видеото кое стана вирално, Џози на својата страница на Инстаграм го објави специјалниот момент од нејзиното пораѓање во море.

„Внимателно го планирав моето последно пораѓање. Нашето прво море бебе имаше само пет дена кога решив нашето следно бебе да се роди во Карипско Море“, изјави Џози. Откако одлучила да го роди своето најмало дете во Карипското Море, Џози и нејзиното семејство се преселиле на островот два месеци пред нејзиниот термин.

Во моментов нема достапни статистички податоци за бројот на слободни пораѓања во светот секоја година - сепак, се верува дека бројот е мал, но расте. Во еден контроверзен инцидент во 2018 година, на една жена од Калифорнија и се роди мртво бебе.

Фото: Принтскрин
Извор: Zena.blic.rs