Без разлика колку деца ќе ми даде Бог, ти секогаш ќе бидеш мое прво дете: Елена Ристеска емотивно за роденденот на Делфина

Внуката на Елена Ристеска, Делфина, вчера славеше 6-ти роденден.

Пејачката е горда тетка на Делфина, која ѝ е внука од сестрата Драгица Ристеска- Димитровска. Таа многупати кажала дека покрај неа се чувствува како мајка, и дека повеќе се радува на името „тета“ отколку Елена.

Преслатката Делфина го прослави роденденот во кругот на семејството, а нејзината тетка Елена и честита роденден со емотивна порака.

Ви ја пренесуваме во целост:
„Најхрабриот Лав што го познавам, се бори како лавица од нејзиното раѓање.

Најслаткото дете што го познавам, како да е излезена од цртан филм. Понекогаш се прашувам дали разговарам со дете или возрасна - таа е толку паметна!

Понекогаш не сум сигурна дали таа е мое дете или на сестра ми - Се чувствувам како да сум ја родила, толку ја сакам - како мое дете. И без разлика колку деца ќе ми даде Бог во иднина, таа секогаш ќе биде моето прво дете. Те сакам ДЕЛФИНА. 

П.С. Единствената причина зошто престојувам тука си ти“ - напиша Елена на својот Инстаграм профил.

Фотографии од роденденот на Делфина: