Без што Меган Маркл не влегува во авион?

Добивај вести на Viber

Идната Војвотка Меган Маркл сака едноставни производи за нега на кожата, како и светла шминка која никогаш не ја носи премногу. Кога станува збор за патување, особено во авионот, Маркл не се грижи за шминката, но само нејзините раце и лице да се секогаш чисти. Затоа со себе не носи шминка но средство за дезинфекција!

„Не се плашам од бактерии, но кога сум на авион, секогаш користам средство за дезинфицирање, марамчиња за раце и спреј за дезинфекција", откри таа.

Имајќи предвид дека кралската свадба се доближува, Маркл сега посветува поголемо внимание на поинтензивната нега на кожата и оди на третмани кај козметичарката Никол Џос, која ја подготвува нејзината кожа преку третмани за релаксација и длабока хидратација.