Безбожничка се шеташе облечена во фустан со Богородица и Исус на задникот: „Јас би го покадила ова, бакнала и би оставила денар“

Наградата за моден израз ова лето секако може да ја добие жена која самоуверено носеше фустан чии креатори успеаја да ги поврзат духовното и световното, модата и православието, верата и провокативноста. Затоа, не е невообичаено што фотографијата предизвика толку многу реакции, а ретко кој остана рамнодушен откако светците се појавија на делот од фустанот кој го покрива задникот.

„Не се сомневам дека ќе се најде некој да ја бакне и да ѝ остави неколку денари“, гласи описот на фотографијата што се појави на Твитер, а на која гледаме жена во син фустан со принт на Богородица, во средината на нејзиниот задник, држејќи го Исус во скутот. Сите се прашуваат и замислуваат што друго може да се најде на предниот дел на овој необичен фустан, а дотичната комбинацијата ја надополни со капа и високи платформи, со што ги спои „традиционалното“ и „модерното“, како што можевме да прочитаме во голем број на хумористични и иронични коментари под фотографијата. 

„Колку се храбри кога го навредуваат православието“, „Вака православните ја разбираат религијата, светците, Бога... Исто како оние што слават слава, а го пцујат Бога, крадат...“, „Ова би го прокадил пријателе, прво“, „Дојди под божји скут“, „Немојте госпоѓата е неверник“, „Би сакал да го видам и предниот дел од фустанот. Мислам дека има спектакл од православието“, „Господи, прости им, не знаат што прават“, пишуваат во коментари претежно твитерџии.

Имаше и оние големи верници кои со сериозен тон го кажаа своето мислење дека оваа жена ја сквернави верата.

А што мислите вие за фустанот?

Пишете ни во коментар.


Фото: Твитер

Извор: женаблиц