Безвременски совети за љубовта и животот за сите млади девојки
Не е лесно да се биде млада девојка која допрва почнува да го живее животот. Не е лесно да се биде млад човек во потрага по себеси. Затоа секогаш се тука мудрите совети од постарите, совети кои лесно ги занемаруваме кога сме помлади, а не би требало.
Прочитајте ги овие безвременски совети кои секогаш се корисни за сите млади девојки кои се уште се пронаѓаат себе.
1. Не трчај во прегратката на мажот ако мислиш дека врската ќе ти ги реши сите проблеми во животот.
2. Ти си решението за сопствените проблем. Можеш да го решиш се она што си решила дека ќе го решиш.
3. Се што е важно не мора и не треба да се форсира.
4. Ти си убава, но ти си и многу повеќе од само убава.
5. Не ти треба маж за да ти го исполни животот. Ти можеш и сама во потполност да си ги живееш своите цели и тоа е сосема океј.
6. Господинот Вистински ќе дојде кога треба да дојде, а ти ќе знаеш дали е тоа тоа. Не мораш да го бараш, ниту да се трудиш да го претвориш во човекот кој ти го замислуваш. Вистинскиот едноставно ќе биде оној вистинскиот.
7. Чувај го срцето на сигурно место.
8. Сакај ги луѓето кои те сакаат. Реципроцитетот е знак на почитување и љубов.
9. Заштити го своето срце. Биди права која ќе им ги прости грешките на луѓето особено ако тие се твое семејство.
10. Никогаш не е доцна да го напуштиш човекот кој те прави несреќна и да ја прекинеш врската во која патиш.
11. Барај ја љубовта во се. Во зборовите, природата, во своето тело, во колковите и своите раце.
12. Сакај се себеси како тоа да е твоја должност.
13. Пред да почнеш да го спасуваш светот, одмори и се и погрижи се прво да се спасиш себе.
14. Посилна и похрабра си отколку што мислиш.
15. Никогаш не е доцна да започнеш повторно отпочеток.