Бидете мудри и практични: Моден совет кој ќе ви заштеди многу пари

Добивај вести на Viber

Иако промената на годишна сезона вообичаено значи и промена на гардеробата и купување нови парчиња облека, тоа нужно не значи и голема инвестиција која ќе го испразни вашиот паричник.

Пред да се одлучите кои парчиња облека сакате да ги купите во оваа летна сезона, ве советуваме секогаш на ум да го имате овој моден совет кој со сигурност ќе ви заштеди пари: Купувајте според  „Cost per wear (CPW)“ филозофијата, односно филозофијата која се базира на принципот „трошок по носење“.

Идејата е дека пред да го направите вашиот финален избор, треба да го пресметате трошокот по носење и на тој начин да ја разгледате реалната вредност на тој производ.

За да не ве збуни ова, ќе се обидеме да поедноставиме:

Трошок по носење  = Број на носења

   ——————-

  Цена на производот

Односно, ако купите панталони кои чинат 800 денари и ги облечете пет пати, тоа значи дека реалната цена на тие панталони е 160 денари по носење, но ако купите панталони кои чинат 2000 денари и ги облечете 20 пати, тогаш трошокот по носење кај овие панталони кои иако имаат повисока цена е драстично помал и изнесува 100 денари.

Ако искрено се запрашате дали некогаш сте купиле поефтино парче гардероба кое се оштетило уште при првите неколку носења, па сте морале дополнително да купите ново и сето тоа ви чинело прескапо, сигурно одговорот ќе биде позитивен. 

Секому му се случило барем еднаш да направи слично модно промашување, затоа овој принцип на купување кој подразбира пресметување на трошокот по носење е многу популарен во светот.

 „Cost per wear (CPW)“  принципот е исклучително корисен и на долг рок навистина ќе ви донесе огромни бенефити затоа што:

  • Секогаш ќе имате облека со висок квалитет
  • Вашите гарадроба ќе има низок трошок по носење
  • На долг рок ќе заштедите многу пари

Затоа, оваа сезона бидете помудри во купувањето, одберете квалитетни парчиња облека кои ќе можете да ги носите многу долго и да ги вклопите во повеќе сезони.

Се надеваме дека нашиот моден совет во соработка со „Linea“ ви се допадна и беше корисен за вас. Новата колекција можете да ја погледнете на www.linea.mk како и на продажните места низ Македонија.