Била студентка кога го завела 21 година постариот професор: До олтарот го одвела најпосакуваниот Црногорец

Добивај вести на Viber

Начинот на кој Сања Јовиќевиќ го запознала Бранимир Поповиќ е филмски.

Еден од најубавите и најстабилните актерски парови на Балканската сцена се Бранимир Поповиќ и Сања Јовиќевиќ. Исто така, тие се доказ дека големата разлика во години не е пречка за љубовта.

Љубовната приказна помеѓу Бранимир и Сања е многу романтична. Кога се сретнале на пат кон Факултетот за драмски уметности во Цетиње, Сања била студентка, а Бранимир професор. 

Подоцна повторно се зближиja за време на снимањето на серијата „Budva na pjenu od mora“ во 2012 година, каде споделија многу заеднички сцени. Од таа соработка се роди љубов, иако се соочија со сомнежи поради значителната разлика во годините. Но, во 2013 година се венчаа во Јахорина, а истата година им се роди ќерката Софија, симбол на нивната љубов. 

- Ние двајца сме приказна која не сакам да ја споделам со јавноста поради мојот и нејзиниот личен мир - изјавил актерот пред неколку години, а пренесоа медиумите во соседството.

Сања пред да се запознаат била во врска со познат фудбалер, а Бранимир во брак со сликарка од Црна Гора. Како пар, првпат јавно се појавија на филмскиот фестивал во Херцег Нови, на премиерата на актерскиот филм „As Pik“.


Фото: Youtube - screenshoot