Билборд Музички Награди 2019: Тејлор Свифт ги засени Карди Би и Сиара
Овогодинешните Билборд награди синоќа дефинитивно го изложија најдоброто за очи од музичкиот свет. Награди, настапи, доминирачки говори и многу гламур можат комплетно да ја опишат оваа манифестација.
Тејлор Свифт дефинитивно беше ѕвезда на вечерта кога е во прашање црвениот килим, покажувајќи им на своите колешки Карди Би и Сиара дека модната кулминација на овој настан не може да ја подели со никој друг, иако сите три се држат на врвот како изненадувачки најстилски средени.
Тејлор СвифтШто се однесува до наградите, Карди Би која предводеше во номинациите, дури 21 номинација во 18 категории, се здоби со 6 награди, меѓу која и најдобар женски рап артист.
Карди Б
Вечерта максимално ја одбележа музичарот Дрејк. Светската ѕвезда доби 12 награди, што испиша нова историја на шоуто - во една вечер на еден артист да бидат доделени толку многу награди. Дрејк досега на Билбор музичките награди има освоено дури 27 статуетки.
Во стилскиот дел не изостануваа и Халси и Пријанка Чопра, со гламурозни изгледи, но и Софија Тарнер и Оливија Вајлд прибраа доста внимание покрај своите модни креации.
Во продолжение погледнете кои ѕвезди со својот изглед оставија впечаток на манифестацијата.
Сиара
Оливиа Вајлд
Софија Тарнер
Халси
Пријанка Чопра