Бимилк со донација во 10 основни училишта низ земјата, за успешен почеток на учебната година

Добивај вести на Viber

Среќен почеток на училишната година им посака Бимилк на првачињата во десетте најголеми основни училишта во Македонија. Секое прваче од овие десет училишта доби пакетче со најслаткото Моја кравица чоколадно млеко. 

„Првиот ден во училиште е посебен за децата, за родителите. Започнувањето на образовниот процес е отворање на ново животно поглавје. Затоа се одлучивме овој ден да ги изненадиме првачињата во најголемите десет основни училишта во Македонија. Сакаме на децата и на првачињата да им посакаме успешно школување и среќно и лесно чекорење кон новите предизвици“, изјавија од Бимилк при посетата во ОУ „Климент Охридски“ во Битола, компанијата која оваа година одбележува 70 години од постоењето. 

Со полниот вкус на вистинско чоколадо во комбинација со најквалитетното млеко, „Моја Кравица“ чоколадно млеко со години претставува омилена слатка напивка за сите генерации, а истовремено е и идеално решение за внесување на потребната количина витамини и хранливи состојки неопходни за правилен раст, развој и нормално функционирање на метаболизмот на децата. 

Бимилк изминативе неколку години не го заборава првиот училишен ден и оваа активност е една од редовните општествено одговорни активности што ги спроведува секоја година.


ПР објава