Битолчанката Ирена која го освои најпосакуваниот ерген во австралиско реално шоу направи тајна венчавка од бајките: Македонско оро, 200 гости и меден месец на Фиџи

Добивај вести на Viber

Филмски - битолчанката Ирена ја пронајде љубовта и го освои најпосакуваниот ерген во австралиско шоу во 2020 година

Австралиското реално шоу „The Bachelor“, воедно и едно од најпопуларните шоуа таму, на битолчанката Ирена ѝ донесе победа и љубов за цел живот.

Имено во 2020-та година, во шоуто околу десетина девојки се бореа за љубовта на ергенот Локлан Гилберт, а единствено Ирена Србиновска, девојката со македонски корени, која живее во Мелбурн го освои срцето на Локи, а со тоа ја однесе и победата во самото шоу.

Тогаш шармантната Ирена која е медицинска сестра по професија веднаш се истакна помеѓу сите девојки, а беше голем фаворит во Австралија. Таму ја претставуваа како убавица со остар ум, а Локи призна дека веднаш се поврзал со неа.

Дека нивната љубов е вистинска, Ирена и Локи докажуваат со тоа што веќе три години се заедно во добро и лошо. 

Имено токму на 10-ти март тие направија романтична и тајна свадба во Мелбурн.

„Нашите гости мислеа дека присуствуваат на нашата свршувачка“, низ смеа раскажа невестата Србиновска за „Who“. „Беше неверојатно посебен момент кога сфатија дека, всушност, ќе бидат сведоци на нашата венчавка!


И Ирена и Локи имаат 33 години и живеат во Перт, а објаснуваат дека имаат многу посебна инспирација кога станува збор за нивниот брак, односно дека родителите на Србиновска се во среќен брак цели 37 години. 

Двојката ја криела подготовката на свадбата шест месеци, а што ќе се случува знаеле само нивните родители, кумот и старосватицата. 

- Имавме голем коктел, наместо свечена свадба и дочек. Беше тоа една голема македонска свадба, па имаше многу играње, пиење и јадење. Сакавме малку поинаква атмосфера. Имавме 200 гости - и тоа беше откако моравме да го намалиме списокот - открива младоженецот Локи за свадбата на која се играло и традиционално македонско оро.

View this post on Instagram

A post shared by Locky (@locklangilbert)


Ирена блескаше во класична венчаница со модерен шмек од најновата колекција на „Hardwick“, која беше специјално доработена по нејзина мерка. Вечерта таа се пресоблече во краток светкав фустан. Локи пак избра класичен црн смокин, кој изгледа проверено добро на него.

Додека Ирена била задолжена за планирање на тајната венчавка, Локи се погрижил за медениот месец на Фиџи каде што моментално уживаат.

View this post on Instagram

A post shared by (@irena_srbinovska)


И Ирена и Локи се пресреќни што се имаат еден со друг, и велат дека сами ја реновираат куќата во Перт и се надеваат на принова за брзо време.

Двајцата се многу активни на Инстаграм каде секојдневно споделуваат за нивниот живот.

View this post on Instagram

A post shared by (@irena_srbinovska)