Благодарение на вакцината - поминала подобро од син ѝ, тинејџер: Актерката Бојана го сподели своето искуство со делта сојот
Актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ го победи коронавирусот, а за да ја подигне свеста за важноста на вакцинацијата го сподели своето искуство на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Бојана Грегориќ Вејзовиќ, хрватска филмска, телевизиска и театарска актерка и ќерка на Божидарка Фрајт, како што објасни, благодарение на вакцинирањето поминала со поблаги симптоми од петнаесетгодишниот син Раул!
- Ќе ви кажам за мојата „средба“ со ковидот неодамна. Синот прв се зарази, а потоа еден по еден и ние дома - напиша Бојана во описот на фотографијата од термометарот.
- Да, веќе два пати бев вакцинирана, но, делта сојот е немилосрден и, ако случајно не бев вакцинирана, кислородот би бил сигурен исход за мене.
Како што истакна таа, нејзиниот сопруг Енес - исто така вакциниран - не се разболел, додека нејзината ќерка имала благи симптоми на коронавирусот.
- Од главоболка, треска, кашлица поради која не спиев две ноќи и два дена, слабост... Сè поминав со помислата како ова го преживуваат луѓето кои не се вакцинирани. Немав сила да споделам апсолутно ништо во времето кога сè се одвиваше, оваа фотографија е единствениот запис од тој период. Денес, со овие бројки на новозаболени, мислам дека можеби некој што се плаши од вакцината, сепак одлучува да се вакцинира, бидејќи оваа болест е крајно непредвидлива. Некој прележува и не ни знае дека го имал, а некој навистина тешко поминува, па зошто да се ризикува? Ќерка ми имаше блага температура и речиси ништо друго, додека јас и син ми дишевме како некој да ни држи чорап во уста; не можете да вдишите колку што ви треба, а кашлицата е постојана. Не го изгубивме вкусот и мирисот, но стана чуден, метален вкус. Од блага температура до 38,7 и треска. По четири дена веќе бев подобро, додека Раул, син ми со денови се бореше со кашлање, а потоа и антибиотик... - напиша Бојана.
Таа истакна дека тестовите на крвта потврдиле дека е во далеку подобра состојба од нејзиниот син.
- Наодите покажаа дека моите резултати се подобри од наодите на мојот син, кој има 15 години; само затоа што јас веќе бев вакцинирана, тој не !!! Енес, кој исто така беше вакциниран со две дози, цело време беше со нас тројца и не се разболе, вакцината целосно го заштити! Издржа да трча од едната во другата, па во третата соба, носејќи ни чаеви, супи, инхалатори... Благодарам љубов - пишува актерката.
Таа додаде дека денес сите се чувствуваат одлично, и дека нема потреба да се сомневаме во медицината.
- На крајот, кога станува збор за тешки дијагнози на разни болести, не се сомневаме кај лекарите, на нашето мирување не гледаме како на лишување од слобода, туку како на закрепнување. Да им веруваме на оние со медицинско образование, ве молам, за што поскоро да се дружиме безгрижно во преполни театри, на концерти и да пееме заедно! На сите им посакувам здравје и радост - напиша Бојана.
извор:GLOSSY