Блиските ми ја продаваа интимноста за беспари: Северина повторно во фокусот
Во ноември минатата година, поп-ѕвездата Северина Којиќ (47) го изгуби спорот со нејзиниот поранешен сопруг за старателството на нивниот син Александар.
Таа може да го гледа синот само 88 месечно. Минатата недела, судијката Голуб со сопругот и ќерката и Милан Поповиќ со нивниот син се сретнаа во истиот хотел „Falkensteiner“ во австрискиот ски-центар „Katschberg“, едно од најпопуларните ски-центри за Хрватите.
Северина по тој повод се огласи на социјалните медиуми со емотивна порака.
„Поминаа 54 дена и поминаа 88 часа ... помина цела вечност додека тие „скијаат“ ...
Многупати доживеав неправда во овој живот.
Блиските ја продаваа мојата интимност за малку пари, а за многу знаете што може да се добие ...
Сепак, на 28-ми ноември 2019-та година имаше најмногу неправда и тага на ова лице.
Поминаа 54 дена тага ...
Но, во тие денови на тага, имаше „88 часа“ на радост и 54 дена на нивниот срам.
А добро ми кажа мајка ми, немој Никој и Ништо да те растажат.
Никој и Ништо тој 28-ми ноември ме излажаа и во мене ја всадија нивната тага и срам, но не можеа да ми ја земат насмевката .... ни на оваа фотографија, ни многуте мои нефотографирани насмевки.
Бидејќи Никој и Ништо засекогаш остануваат Никој и Ништо.
Понекогаш тие стануваат Никој и Нешто ...
Можеби сега „случајно“ скијаат, но не можат да нè надминат сите.
Не дозволувајте Никој и Ништо да ви го истурат нивниот срам и тага врз вас и да ја тргнат насмевката од вашето лице.
Мене никогаш не ми ја ... ниту сега ... ниту ќе ...
Фала му на Бога!“