Близначките на инфлуенсерката Христина Пан слават роденден: Тара и Хана полнат 2 години

Добивај вести на Viber

Бели фустанчиња со големи панделки, бели венчиња со машнички и балони во иста боја, се во знакот на белата боја за роденденот на малите Тара и Хара.

Денеска слатките близначки на познатата инфлуенсерка слават роденден.

“TOO Cute To Be TWO!“ - напиша Христина на Инстаграм објавувајќи неколку слатки фотографии oд девојчињата.



Инаку, Христина е една храбра мајка, која водеше тешка војна за животот на Тара.

Преку социјалните мрежи често искрено споделува делови од нивното секојдневие а во една прилика кажа дека Тара била на лекување во Истанбул. 

Малата хероина била на автологна трансплатација на матични клетки, од која закрепнува добро и кажа дека е многу горда на неа.


ФОТО: Инстаграм


Инфлуенсерката Христина Пан искрено за болеста на ќерката Тара: Се молам да заврши брзо и барем тие да не се сеќаваат на ова