Инфлуенсерката Христина Пан искрено за болеста на ќерката Тара: Се молам да заврши брзо и барем тие да не се сеќаваат на ова
Познатата македонска инфлуенсерка Христина Пан која го споделува животот на нејзните близначки Тара и Хана на Инстаграм, раскажа детали од тешката војна на едно од девојчињата
Имено таа и Тара неодамна се вратија од лекување во Истанбул, а сега е период на закрепнување на малата хероина.
Христина откри дека биле на автологна трансплатација на матични клетки, од која закрепнува добро и кажа дека е многу горда на неа.
Христина исто така откри дека е невозможно да се врати на работа, бидејќи за околу еден месец треба пак да се вратат во Истанбул на радиотерапија, па потоа следува уште една терапија на одржување.
Дури вели и дека не планира ништо за вториот роденден на близначките, бидејќи е многу можно да се пак во болница како минатата година.
Тие дознале дека Тара е болна на само девет месеци, а дека таа во ниту еден момент не помислила на најлошото.
- Само да се здрави и живи, Тара да го надокнади времето поминато затворена во болница, а Хана времето што го поминала без нас. И само се молам ова да заврши брзо и барем тие да не се сеќаваат на ова - напиша оваа храбра мајка.