После 3 тешки месеци, вчера излеговме од болница: Инфлуенсерката Христина Пан за нејзината и борбата на малата Тара

Добивај вести на Viber

Нашата борба не е завршена. Имаме неколку дена пауза, и ќе ги искористиме на максимум со Хана, напиша познатата инфлуенсерка Христина Пан на Инстаграм.

„После 3 тешки месеци, вчера излеговме од болница... Нашата борба не е завршена, ама јас до мене ја имам најхрабрата девојка и не се сомневам во неа, а уште помалку во Господ.

Имаме неколку дена пауза, ќе ги искористиме на максимум со Хана и колку што можам да им надокнадам за изгубеното време. 

Ви благодарам на сите што бевте и сте со нас... “, сподели инфлуенсерката.



Неодамна Христина со следбениците на социјалните мрежи сподели дека едно од девојчињата, Тара е болна и почнала да прима хемотерапии.


Овој роденден ќе го обележиме на детската клиника, а ќе го славиме кога ќе заѕвони Тара на ѕвончето и ќе излеземе здрави од тука: Срцепарателен статус на инфлуенсерката Христина Пан