Овој роденден ќе го обележиме на детската клиника, а ќе го славиме кога ќе заѕвони Тара на ѕвончето и ќе излеземе здрави од тука: Срцепарателен статус на инфлуенсерката Христина Пан
„Среќен роденден на моите две пеперутки!
Најсреќната година во мојот живот...
Иако последниве два месеци сакам да ги нема, нека стојат тука, зошто знам и верувам дека се причина за многууу поубави и посреќни моменти кои не очекуваат заедно.
Овој роденден ќе го обележиме на детската клиника заедно со нашите нови другарчиња на одделот за онкологија, а ќе го славиме кога ќе заѕвони Тара на ѕвончето и ќе излеземе здрави од тука...“ - ова е емотивниот статус на познатата инфлуенсерка, Христина Пан која денес го објави по повод роденденот на нејзнините две дечиња Тара и Хана.
Неодамна Христина со следбениците на социјалните мрежи сподели дека едно од девојчињата, Тара е болна и почнала да прима хемотерапии.
Денес Тара и Хана полнат една годинка, а ние им посакуваме најмногу здравје и среќни мигови со мама и тато.