Блогерката Софија Јанева го покажа новиот стан: Ѕирнете во нејзиниот walk in гардеробер (ФОТО)

Софија Јанева е меѓу најпознатите блогерки и фриленсерки кај нас. Често патува, а искуствата ги споделува на социјалните мрежи, каде може да забележиме дека ужива во животот, во секоја смисла на зборот, буквално.

Неодамна, откри дека годинава, 2023 ќе се сели во нов дом, а денеска рфепи делумно да ги отвори вратите од новиот стан каде живее со нејзиниото момче.

„Кога биравме стан најважно ни беше да биде пред се на добра локација, светол и функционален.

Пример во кујната сите апарати за домаќинство се вградени и не се гледаат, а тоа не само што придонесува кујната да има минималистички и модерен изглед, туку е многу полесно за чистење и одржување.

Најомилениот дел во кујната ми е мермерниот остров со шанк столчиња што редовно ги користиме посебно кога сме во брзање и сакаме брз доручек или кога дечко ми ги прави неговите врвни коктели!

Дневната си има свој посебен шарм а трпезаријата е најсветлиот дел од станот.

Моето омилено катче од станот се наоѓа во спалната соба а тоа е walk in гардероберот. Како личност што обожава чанти, потпетици, капи и аксесоари овој гардеробер ми е dream come true! 

Второ омилено катче ми е секако масата за шминкање и штендерот. Еден интересен факт за мене е што обожавам убави парфеми и имам колекција со над 40 различни парфеми, па затоа оние што ги користам секојдневно ми стојат на оваа маса за шминкање.

Остатокот од станот ќе ви ги покажам во видеото што ќе го објавам утре“, напиша на Инстаграм Софија, приложувајќи фотографии.





Фото: Инстаграм - Софија Јанева

Кој рече дека рајот мора да биде тропски: Инфлуенсерката Јанева семејно на зимување во Банско

Утринско кафе со Софија Јанева: Сакам да посетам над 60 земји пред да наполнам 30 години