Бобана никогаш не го запозна своето бебе: Познатата спортистка почина поради компликации по породување
Вчера почина Бобана Момчиловиќ Величковиќ, позната повеќекратна европска шампионка во стрелаштво од Србија.
Имено Бобана се породила пред дваесеттина дена, а во меѓувреме дошло до компликации поради кои состојбата ѝ се влошила. Лекарите не успеале да ѝ го спасат животот, цели дваесет дена траела нејзината борба, а последните седум без свет... но на крајот битката е изгубена. Од друга страна, во оваа трагедија бебето не било загрозено, и се чувсствува добро.
Бобана која имаше само 31 година беше српска репрезентативка во стрелаштво, а последниот голем успех и трофеј во овој спорт го донесе на 27 февруари која во дисциплината воздушен пиштол на 10 метри, освои европски златен медал, нејзин трет во кариерата, а прв после 2012-та година.
Насловна фотографија: ALEKSANDAR DIMITRIJEVIĆ / RAS SRBIJA