„,Богат и моќен“: Кој е дечкото на Мелина, поранешната сопруга на Харис Џиновиќ?

Добивај вести на Viber

Мелина Џиновиќ повторно е во центарот на вниманието

Пејачот Харис Џиновиќ неодамна се разведе од Мелина Џиновиќ по 22 години брак.

По разводот, модната дизајнерка ја напушти вилата во Сењак во која живееше со пејачот и нивните две деца - синот Кан и ќерката Џина. Тогаш медиумите пишуваа дека дизајнерката  наводно ужива во љубов со бизнисмен, а неодамна се појави информација дека и Харис Џиновиќ си нашол 15 години помлада девојка од него.

Пред една година, кога медиуми од соседството ги контактираа Харис и Мелина за да ја потврдат информацијата за разводот, тие тогаш изјавија дека тоа не е вистина, а неодамна признаа дека со години не се во добри односи и дека се разведуваат. Сега и тој тврди дека не би криел дека има некого: „Би рекол дека имам некого, не знам што се пишува за мојот приватен живот, од каде сега тоа дека таа личи на Мелина? Не е вистина“, изјави Харис .

„На сите им е јасно дека бракот на Мелин и Харис одамна го изгубил својот сјај и дека само прашање на денови било кога ќе се разведат. Иако според медиумите во соседсвото нивната врска почнала да се лади долго пред Мелина да ја напушти семејната палата, таа успеала да скрие дека вистинската причина за расподот на нивниот брак се случил поради маж кој таа го запознала минатата година и со кој влегла во романса“, тврдеше тогаш извор за српските медиуми, кој исто така изјави дека тој е човек кој со децении важи за еден од најпосакуваните луѓе на јавната српска сцена.

„Покрај тоа што е моќен, успешен и богат, нејзиниот нов емотивен партнер важи и за најпосакуваниот маж откако се појави на сцената. Неговото богатство, моќ и изглед беа доволна причина да ја придобие Мелина, која беше незадоволна од бракот. Секој слободен момент го користат за да бидат заедно, а тој ја опсипува со скапи подароци и внимание, па таа се чувствува како заљубена тинејџерка“.


Фото: Youtube - screenshoot