Богат Казахстанец ѝ подарил прстен од 2500 евра на девојка од Ниш: Заминала во Дубаи за парче леб, денес живее како кралица! (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Полскаја не ја криеше среќата за скапиот подарок

Милица Полскаја привлече големо внимание на јавноста со снимањето за нејзиниот канал на Јутјуб, а потоа и за „Тикток“ и надалеку е познато дека нејзиниот пат до богатството бил трнлив.

Додека живеела во Србија, Мисицата студирала право на државниот универзитет, но, според неа, била решена да успее и еден ден многу да заработува.


Полскаја сега продолжува да ја интригира јавноста, пред сѐ со луксузниот живот што го води, но и со скапите подароци со кои Казахстанецот постојано ја опсипува.

Имено, таа на својот „Тикток“ профил се пофали со луксузен прстен од француската компанија за накит „Cartier“ и со тоа предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Интригантната русокоса не го криеше задоволството од скапиот подарок, кој според некои сознанија чини околу 2.500 евра, поточно 290.000 српски динари.

<blockquote class="tiktok-embed" cite="https://www.tiktok.com/@milica_polskaya/video/7161374662801378566" data-video-id="7161374662801378566" style="max-width: 605px;min-width: 325px;" > <section> <a target="_blank" title="@milica_polskaya" href="https://www.tiktok.com/@milica_polskaya?refer=embed">@milica_polskaya</a> <p></p> <a target="_blank" title=" original sound - Stiks" href="https://www.tiktok.com/music/original-sound-6746874022237178629?refer=embed"> original sound - Stiks</a> </section> </blockquote> <script async src="https://www.tiktok.com/embed.js"></script>


Интересно е што Милица неодамна ја посети Србија, односно родниот Ниш, во друштво на својата посилна половина. Семејството отпатувало од Алмати каде што вообичаено живеат, а новогодишните и божиќните празници ги дочекале во друштво на семејството на мисицата.


Да потсетиме, Милица еднаш отиде во Дубаи, каде што една средба, би можела подоцна да испадне судбоносна средба што од корен ќе 1 го промени животот. Со бракот со богат Казахстанец, на кого му родила четири деца, таа ги остварила сите свои соништа.

Како што рекла, го запознала во ноќниот клуб во кој тогаш работела, а според неа првично го одбила, за следната вечер сѐ да се смени.

- Втората вечер повторно го сретнав во истиот клуб. Тој држеше две чаши шампањ и се насмевна. Останав со него кратко време, бидејќи беше убав. Темен тен, бели заби, сини очи. После еден час му го дадов мојот телефонски број. Следниот ден ме повика на средба, за потоа да ми открие дека на другарката и рекол „таа ќе ми роди син“ - изјавила Милица.


Медиумите долго време шпекулираат дека нејзиниот партнер е милијардер, но нишлијката го тврди спротивното.

-Нема вистина во тоа дека е милијардер. Тој е бизнисмен, има своја фабрика и само тоа имам да го кажам - нагласила Милица.


ФОТО: Instagram printscreen/mmm_still_limited_edition