Богатство од 250 милиони долари: Дали по разводот сопругата на Кевин Костнер ќе му земе половина?

Да потсетиме, ова е втор брак на Костнер, од 1978-ма до 1994-та година беше во брак со Синди Силва, а со неа имаше три деца - Ени (39), Лили (36) и Џо (35). Тој има уште еден син, Лиам, кој го доби додека се забавуваше со Бриџит Руни.

Фото: Profimedia

Сопругата на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер поднесе барање за развод по 18 години брак со холивудскиот актер и трите заеднички деца. Таа изјавила дека разделбата се должи на „непомирливи разлики“, а побарала и заедничко старателство над децата – Кајден (15), Хејс (14) и Грејс (12). Костнер поднесе барање за развод во вторникот и исто така бара заедничко старателство, ама и пари. неговото богатство се проценува на 250 милиони долари.

Парот потпишал предбрачен договор, а Кристин Баумгартнер не бара издршка, туку само заедничко старателство над децата.

Парот потпишал предбрачен договор па прашање и е колкава финансиска корист ќе има Кристин. Се шпекулира дека Баумгартнер нема да поднесе барање за издршка на брачниот другар и покрај нето вредноста на нејзиниот сопруг од 250 милиони долари, но и двајцата бараат заедничко старателство над нивните три деца.

Да потсетиме исто така дека славниот 68-годишник и 19 години помладата Кристин, модел и моден дизајнер, почнаа да се забавуваат во 1999-та година, а се венчаа на „Kevin's Ranch Costner's Aspen“ во Колорадо во 2004-та година, пренесува „Daily Mail“.

Фото: Profimedia


„Се случија околности надвор од негова контрола што резултираа со тоа што господин Костнер мораше да учествува во постапката за развод. Тој е многу тажен поради тоа. Молиме да ја почитувате нивната приватност.“- пишува во изјавата на претставникот на Костнер.

Убавата 49-годишна дама не барала алиментација, но ќе ѝ биде платена согласно условите од предбрачниот договор.


Извор: zena.blic.rs