Бохо фризура за сите прилики: Сѐ што ви треба е неколку мали гумени ластичиња (ВИДЕО)
Доколку ви треба брза фризура за секоја пригода, плетената
коса е вашиот вистински избор.
Без разлика дали имате важна прослава, средба со партнерот или деловен ручек, важно е вашата фризура да одговара на настанот.
Многу дами немаат време или едноставно не сакаат да одат на фризер за такво нешто, па мораат да ги преземат работите во свои раце.
Поради оваа причина, ви ја пренесуваме оваа таканаречена универзална бохо фризура, која можете да ја носите во секоја пригода.
Треба малку да ја извиткате косата, а потоа да земете едно надворешно праменче, кое ќе го врзете зад главата и ќе го превртите навнатре. Направете го истото со другите прамени, додека не ја искористите целата коса. За време на врзувањето малку разбушавете го, за да има повеќе волумен.
Во зависност од пригодата, можете да додадете на вашата коса неколку светки, шноли и слично за дополнително да ја декорирате.
Фото и Видео: Инстаграм
Три едноставни фризури со кои вешто ќе ја сокриете мрсната коса: Ефикасно и брзо