Бојан и Марија „Ај Кју“ уживаат на нова дестинација: Овој пат изборот е најмонденското место
Бојан и Марија од Ај Кју (Eye Cuе), овој период уживаат во убавините на Ибица. Тие го посетија и стариод дел на овој шпански остров, па оттаму направија прекрасна фотосесија која ја објавија на социјалните мрежи.
Инаку евровизиските претставници на Македонија во 2018 година, Бојан и Марија заминаа од Македонија откако добија иселеничка виза и се преселија во Лондон, а често посетуваат егзотични дестинации, што може да се види од фотографиите кои ги постираат на социјалните мрежи.
Тие по настапот на Евровизија често ја посетуваа Англија каде снимаа со англиски продуценти. Во меѓувреме објавија и дека се во врска, која не беше прифатена од родителите на Марија. Своевремено пејачката изјави дека со семејството имаат формален однос, и дека од 18 години е целосно самостојна. Кога би можела да го врати времето, таа повторно би постапила исто.