Бојана Скендеровски покажа како изгледа нејзината мајка: Еве од кого пејачката ги наследила гените

Добивај вести на Viber

Најважната хероина во животот на една жена е нејзината мајка.Мајката е првиот најдобар доживотен пријател, таа е најчистата форма на љубов која постои.

За пејачката Бојана Скендеровски таа е најважната личност во нејзиниот живот, затоа што една е мајка.

Пејачката објави ретка фотографија од нејзината мајка Снежана додека позира со очила за сонце, летен фустан и широка насмевка на лицето.

Во една прилика Бојана објави заедничка фотографија со нејзината ќерка Искра и баба Снежана, па тогаш напиша „Гените се чудо. Баба и внука“.

Судејќи според фотографиите кои ги има Бојана објавено на Инстаграм, нејзината мајка дели поголема сличност со сестрата на Бојана, Ивана.

Минатата година мајката и таткото на Бојана прославија 40 години брак.

„Драги мама и тато после 40 години можам со задоволство да заклучам дека создадовте успешна животна и љубовна приказна…Се гордееме со Вас, ни го трасиравме патот, не научивте на вистински животни вредности! Заслуживте да уживате во сè што сега живеете, внуци, хармонија, благодат и здравје! Ве сакаме“, напиша пејачката во објавата.

Фото: Инстаграм