„Боледував од канцер, а тој ме тепаше по втората терапија: Додека Данка се бореше за живот, насилниот сопруг немилосрдно ја тепаше

Данка е жена која поминала низ многу тежок процес на лекување. Таа боледуваше од рак на дојка, но тоа не е најголемиот удар што го доживеала. Нејзиниот тогашен сопруг кренал рака на неа, а таа во целост ја раскажува својата тешка приказна.

Осум хемотерапии, па операција и 30 зрачења е многу тежок процес низ кој помина Данка од Градишка која го победи ракот на дојката. Она што уште повеќе ја отежнува оваа приказна е тоа што лавицата покрај тешката болест го трпела и нејзиниот насилен сопруг, кој и го свртел грбот во најтешките моменти. Таа ја сподели својата приказна на порталот nismosame.com, страница за поддршка за жени кои победиле малигно заболување или се лекуваат од тоа.

Во продолжение во целост ви ја пренесуваме исповедта на Данка:

„Јас се викам Данка, родена сум 1978 година во Зеница, од каде за време на војната со родителите и сестра ми избегавме во Градишка на Сава. Се омажив на 28 години и родив син, но поради нерасчистени семејни односи бракот се распадна по една година, па се вратив кај моите родители.

Во нивниот дом ја најдов потребната сигурност. Тоа е живот: паѓаш, стануваш и продолжуваш понатаму. Живеев нормален живот со мојот син и родителите. А потоа после десет години запознав разведен маж со кој започнав врска. Решивме да живееме заедно. После четири години врска останав бремена. Тогаш имав 41 година и бев пресреќна. И двајцата бевме пресреќни, многу сакавме бебе. Кога се роди бебето морав многу брзо да прекинам со доењето поради недостиг на млеко, а кога имаше четири месеци почувствував грутка на десната града. Веднаш се јавив на лекар. Наодот покажа дека се работи за хормонски прогресивен рак, фатен на самиот почеток.

Како и за секоја жена, тоа беше голем шок за мене. 

 Следеа осум хемотерапии, а потоа операција и 30 зрачења.

Низ сето тоа поминав речиси сама, со мало активно бебе и постариот син. Кога ја дознав дијагнозата, мојот сопруг одеднаш ми го сврте грбот. Дури и ме удри по втората терапија. Ситуацијата стана неподнослива, па ги зедов децата и се вратив кај моите родители. Постојано си велев: ако го победив ракот, ќе го победам и ова. Паднав и повторно станав, сега посилна од кога било досега.

Денеска работам во аптека и имам голема поддршка од работодавците, прекрасни луѓе кои многу ми помогнаа, заедно со моите родители и сестра ми која беше со мене цело време. 

Моето лекување заврши целосно во јуни оваа година. Се чувствувам здраво, како да сум повторно родена. Се смеам, пеам, танцувам... секој ден!

Мислам дека мојот живот е Божјиот пат низ кој морав да поминам и дека мојот случај не е толку страшен, бидејќи има и полоши.

Најважно од се‘ е што добив нова шанса за живот. Се надевам дека мојата болест никогаш нема да се врати.

Би сакала со моето искуство да им помогнам на другите жени, и да им го олеснам патот низ болеста“, раскажа Данка за порталот nismosame.com.


Фото: Фејсбук/nismosame.com

За Мирјана сè се променило преку ноќ, и тоа во време на најголемата среќа: Дознав дека имам рак, но немам што да си префрлам на себе