Болката за покојниот татко не поминува, Илда со објавата растажи многумина: Да беше жив Шабан ќе наполнеше 70 години

Добивај вести на Viber

Легендарниот пејач Шабан Шаулиќ, кој загина во страшна сообраќајна несреќа пред две години, на 6 Септември ќе наполнеше 70 години.

Болката од неговата загуба ја чувствуваат сите што го познаваа, особено семејството и неговата ќерка Илда Шаулиќ. 

Илда објави заедничка фотографија со нејзиниот татко на својот Инстаграм, испраќајќи една кратка, но силна порака. Таа едноставно го напиша бројот 70, посочувајќи дека тој денес ќе наполни толку години, но додаде и две срца кои ја покажуваат целата љубов што ја чувствува кон него, и дека болката зад него не стивнува и никогаш нема да се намали. Коментарите под сликата се нижеа, а сите сакаа да сочувствуваат со Илда со тоа што испратија милион срца за поддршка поради нејзиниот покоен татко.

View this post on Instagram

A post shared by Ilda Saulic (@ildasaulic)



Да потсетиме, пејачот остави зад себе многу хитови, а неговата музика се слуша и денес, исто како што тагата поради неговото заминување сѐ уште предизвикува страдање во срцата на многумина. Шабан Шаулиќ почина на 17 февруари 2019 година, во сообраќајна несреќа во Билефелд, Германија, додека се враќаше од настап.