„Боже чувај ја кралицата“ одекна низ Британија: Кралското семејство без Елизабета излезе во јавноста и со минутно молчење им оддаде почит на загинатите
Последните недели, не само Британците, туку и љубителите на монархијата од другите делови на светот, со загриженост гледаа во Бакингемската палата. Сè поради информациите за здравјето на кралицата. Медиумите најпрво ја слушнаа веста за нејзината повеќечасовна посета на болницата и откажувањето на посетата на Северна Ирска, а потоа беше објавено дека Елизабета Втора нема да се појави на COP36 во Глазгов. За тоа време, кралицата замина на двонеделен одмор, од кој неколку дена помина во својата резиденција Балморал во Шкотска. Непосредно пред церемонијата за Денот на сеќавањето беше најавено дека овој пат кралицата ќе биде отсутна.
„Кралицата, откако ги истегна мускулите на грбот, утрово донесе одлука со големо жалење дека нема да може да присуствува на денешената Недела на сеќавање во Кенотаф. Нејзиното Височество е разочарано што ќе ја пропушти церемонијата“ - соопшти Бакингемската палата.
Вреди да се напомене дека ова е седми пат во текот на нејзините 69 години владеење да не може да им се поклони на хероите. Два пати кралицата отсуствуваше поради тоа што беше во блажена состојба, а четири пати поради патување.
фото: ProfimediaПрославата, како и обично, започна во 11 часот, кога Биг Бен, најизменично со Коњскиот гард, заѕвони 11 пати. Тогаш започна двеминутното молчење во знак на сеќавање на починатите Британци во вооруженте конфликти. Овој дел беше завршен со свечениот звук на трубата.
Потоа членовите на судот положија симболични венци (на споменикот од 1920 година подигнат по повод завршувањето на Првата светска војна) и заедно ја отпеаја државната химна. Во моменталната ситуација песната „Боже чувај ја кралицата“ („God Save the Queen) уште повеќе одекнуваше.
За време на церемонијата во Вајтхол, секако, беа членовите на судот од високито ранг, односно принцот Чарлс и неговата сопруга Камила Паркер - Боулс, како и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
фото: Profimedia