„Боженствена е“: Досега невидени фотки од подготовките на Хана Хуљиќ за венчавката
Изгледа дека младата музичарка точно знаела што сака бидејќи за венчавката избрала нежни бои кои ги истакнале нејзините црти на лицето, како и гламурозна фризура која го надополнувала впечатокот од венчаницата.
Иако видовме многу фотографии од свадбата на Хана Хуљиќ (31) и Петар Грашо (45), сега конечно одблиску можеме да видиме и фотографии од невестата кои ги објави нејзиниот фризер и шминкер Јосип Лијиќ.
Лијиќ на својот Инстаграм објави фотографии од фризурата на Хана, истакнувајќи ја нејзината бујна коса со локни во ретро стил.
На фотографиите конечно ги гледаме нејзините сини очи кои Лијиќ дополнително ги истакна со сенки за очи и маскара, а суптилното руменило ги истакна нејзините образи.
Лијиќ повторно ги воодушеви следбениците со својата работа, а во коментарите сите ја пофалија Хана и се согласија дека таа изгледала прекрасно на денот на нејзината венчавка, што многу подобро се гледа на овие фотографии.
- Апсолутно божествено! А ти Јосип имаш златни раце и огромен талент, секоја чест! - го пофалија следбениците Лијиќ.
Дури на овие фотографии можеме да видиме како Хана блескала на својата венчавка.
Младата музичарка изгледа точно знае што сака бидејќи за венчавката избра нежни бои кои ги истакнаа нејзините црти на лицето, како и гламурозна фризура која го надополни впечатокот од венчаницата.
Извор/Фото: 24часа.рс/Инстаграм
Сите зборуваат за свадбената торта на Петар Грашо и Хана Хуљиќ! Младенците на удар од критики - сигурно се шегувате (ФОТО)Судбина: Данијела не пееше на својата, туку на туѓа свадба во моментот кога Петар Грашо се женеше
Стил на денот: Хана Хуљиќ заблеска во елегантна и гламурозна венчаница-стана госпоѓа Грашо