Божидар Божиновски: Ми оди малку со зборови, во основа неписмен селанец

Добивај вести на Viber

Вели дека не се смее, дека не е некој весел тип... Ама успева често да ја насмее цела Македонија со различни статуси на различни теми кои ги „набива„ во кратки црти на социјалните мрежи. А пушува... Пишува многу! Тој е поет и сестран уметник, човекот со каубојки и стил својствен само за него. 

Божидар Божиновски е исклучителен талент кој го распостила вешто преку зборови, а зборовите во дела. Зад себе има неколку книги, работи на многу значајни проекти и уникатен е во изразот. Го следат и стари и млади, а тој често обединува со мислата.

Еве еден статус кој си го напишал сам за себе: 

„Не сум јас, браќа и сестри, така да ве наречам, писател. Ми оди малку со зборови, во основа неписмен селанец, колку што мразите да ме читате, јас толку и по милион мразам да пишам, јас би најрадо гледал дали има Компирова златица или не. А вие, пак и браќа и сестри дур ви го вадат јазикот од уста и ви го сечат што аплаудирате на то… Па малку кренете глава, бар во кланица да не одиме мирно, и добиток се бори за живот ко ќе сфати кај го носат„


Фото: ФБ