Божјо чудо: Девојче од Чачак прогледало по бројни операции и молитви

Седумгодишната Милица е родена слепа и живееше така 7 години. За Милица се грижеа нејзиниот татко и трите сестри, кои се потрудија малото девојче да го види светот со свои очи. Откако мајката ги напуштила девојчињата, таткото вложил многу труд и силималата Милица да оди на лекување.

Благодарение на добрите луѓе од Србија и регионот, кои донираа голем дел од парите за лекувањето на девојчето, таа прогледа.

„За среќа, стимулите вродија со плод, а од нејзиното однесување разбравме дека сега гледа целосно. Таа успеа сама да ја отвори вратата, да излезе во дворот, да им пријде на сестрите и да ги земе играчките. Ја направивме анализата и сфативме дека мојата Милица прогледала. Не можеше да ни го каже тоа бидејќи и покрај тоа што има седум години, таа сè уште не зборува. Но, би сакал таа да може да ми каже како и поминаа првите години во целосен мрак“, вели Зоран, таткото на Милица.

Девојчето прво било оперирано во Русија, а третманот продолжил во Нови Сад. За цело време, Зоран посетувал цркви и манастири и се молел на Бога за ова чудо, кое се исполнило по молитвата во Острог.

Сега, планирано е заминување на Милица во специјално училиште, есенва годинава.


Извор и Фото: kurir.rs

Можеби ќе ве интересира:

Тоа го може само ангел: Дете во црква остави писмо кое го кине срцето