Брачен пар со бебето и кучето живее во автобус: Ќе се воодушевите од внатрешноста (ФОТО)

Додека пространите апартмани се тесни за многумина, има луѓе кои знаат да направат сопствен рај од мали нешта. Така, просторот за живеење на младата брачна двојка Крис и Ваида од Австралија е сосема необичен. Тие живеат со бебето Оливер и нивното домашно милениче во автобус, а нивниот дом нуди поглед кон морскиот брег.


Станува збор за реновиран стар училишен автобус кој е доста простран, а го искористиле убаво секој агол од него. Така, нивниот необичен дом има агол за дружење, кујна, бања и спална соба.


Украсен е во ретро стил, а младиот пар си поиграл со бои, уредувајќи го секој дел од нивниот животен простор. Постојат дури и места за растенија и уметнички слики кои го збогатуваат амбиентот.

Ова тричлено семејство има и домашно милениче, па кучето Борис живее со нив, вистинско планинско куче .


Од нивниот дом со задовослтво споделуваат фотографии на социјалните мрежи, а многу следбеници на Инстаграм се воодушевени од нивниот животен стил.


Меѓу коментарите, честопати може да наидете на оние кои велат дека нивниот дом изгледа подобро од многу куќи и апартмани.

Фото: Инстаграм

Извор:24седум.рс

За 1.350 денари ја реновираше кујната: Силвија објасни сè - ви треба само една работа, а резултатот е неверојатен