Браќата им беа кумови, сопругот сам го направи бидермаерот: Водителката Сања Маринковиќ се омажи во автомобил и директно замина во Париз

Добивај вести на Viber

Водителката Сања Маринковиќ помина 10 години во брак со поранешниот сопруг Александар Ухрин, а нивната венчавка беше сосема необична

Сања Маринковиќ го запознала својот поранешен сопруг Александар Ухрин на работа, бидејќи тој е уредник, а љубовта кон телевизијата ги споила. Тие во 2007-ма година го добија синот Страхиња, а четири години подоцна решија да ја официјализираат љубовта и да се венчаат.

Свадбената церемонија била сè само не обична, а се одржала во лимузина. Имено, Сања и Александар се венчале на пат кон белградскиот аеродром, од каде потоа отпатувале за Париз.

Нивните браќа беа кумови - на Сања, нејзиниот брат Бојан Маринковиќ, на Александар неговиот брат Душан Ухрин, а на свадбата покрај нив двајца присуствуваа само нивните сопруги и наследникот Страхиња.

Целата церемонија ја организирал Александар, кој дури и самиот го направил бидермаерот. Водителката наместо бела венчаница носеше црвен фустан, а сè се одвиваше во тајност.

„Се венчавме на 11.11.2011 година во 11 часот, сосема случајно. Не планиравме, но се јавив на матичарот кој ги венчаше сите во моето семејство и таа рече дека ќе не венча за „два петоци“, што испадна  да биде 11/11. Никој не знаеше, само им рековме на нашите браќа да не чекаат со снаите, дојде лимузина, имаше шампањ, се спакувавме и заминавме“, раскажа во една прилика Сања.

„Од дома дојде да не земе лимузина, а на пат до аеродром си ветивме вечна верност. Бидејќи нашите улици се полни со дупки, без разлика што автомобилот е исклучително голем, во еден момент сакав да се префрлам од едно на друго седиште, паднав, а и грдо се потпишав“, откри претходно водителката која опиша и каков бил свадбениот викенд во Париз.

„Кога стигнавме во Париз имавме меден месец, бидејќи веднаш навечер отидовме на вечера во клуб-ресторанот што го резервиравме. Немавме торта, туку свадбени самовилски колачи. Како да го знаеја мојот вкус , сè беше совршено. По вечерата посетивме уште два пабови и мојот сопруг таа вечер едвај ја пронајде собата, јас не се опијанив многу. Следната вечер повторно вечеравме и го посетивме пабот и се вративме дома“, изјави водителката во тоа време.


Сања и Александар решија да се разведат по 10 години брак, но останаа во пријателски односи и заедно се грижат за синот.

„И покрај тоа што се разведовме, јас и Александар сме најдобри пријатели и родители на нашето дете. Секојдневно комуницираме и се гледаме, а кога е синот Страхиња во прашање - сè е како порано",  рече таа по разводот.

Минатата година водителката ја призна причината поради која таа и Александар ставија крај на бракот.

„Едноставно не се согласувам на заеднички живот по секоја цена , без љубов,страст и нежност не може. Токму поради недостатокот на топлина што се разделив со бившиот сопруг. “, призна тогаш Сања за „Стори“.

Извор: lepaisrecna.mondo.rs