„Бракот е рај за мажите, а за жените тешка мака“: Познат професор откри дека само овие жени се среќни, останатите „целосно пропаѓаат“
Пол Долан, професор по бихејвиорални науки на Лондонската школа за економија, вели дека мажите имаат корист од бракот затоа што „се смируваат“, додека истото не важи за жените. Мажите треба да стапат во брак за да ја подобрат својата благосостојба, но жените не треба да се мачат да се венчаат, смета водечки експерт за среќа, кој вели дека слободните жени без деца се најсреќните луѓе во општеството.
Пол Долан рекол дека мажите имаат корист од бракот бидејќи се „смируваат“, додека истото не важи за жените, пишува „Дејли мејл“. „Мажите имаат помал ризик, заработуваат повеќе на работа и живеат малку подолго“.
Додека жените од друга страна, мора да го трпат сето тоа и да умрат пред немажените жени. Затоа, „најздрава и најсреќна подгрупа од населението се жените кои никогаш не се омажиле или имале деца“, вели Долан. Последната книга на Долан, „Happy Ever After“, цитира докази од Американското истражување за користење на времето (ATUS).
Still trapped in Happy Ever After? Join next Monday, February 11th, the conversation on how to escape the myth of the perfect life.
— Prof Paul Dolan (@profpauldolan) February 4, 2019
The event is free to all public and includes a book signing session: https://t.co/NYBKZd5wub#lsehappyeverafter @LSEBehavioural @PsychologyLSE pic.twitter.com/MbtolLOGKB
Неговата книга го спореди нивото на среќа и тага кај самци, оженети, разведени и вдовици. Долан рече дека неговото истражување може да ја отстрани социјалната стигма кај самохраните жени. И покрај придобивките од животот без деца, Долан вели дека бракот и децата сè уште се гледаат како знаци на успех.
И ова може да наведе некои самохрани мајки да се чувствуваат несреќни поради начинот на кој се перципирани. Но, професорот не се согласува со тие ставови и вели: Ако си маж треба да се ожениш, но ако си жена, не се замарај. Со други зборови: Бракот е рај за мажите, а мачење за жените.
Фото: Твитер / Youtube - screenshoot
Тој е само твој: 7 работи кои мажите ги прават кога се вистински вљубени во вас