Бракот и кариерата можат да ја променат жената: Еве како изгледа денес Хелена Папаризу
Сите го коментираат изгледот на Хелена Папаризу, а ова се најновите фотографии
Кога во 2005-тата година победи на Евровизија со песната „My number one“, покрај нејзините исклучителни вокални способности и неоспорниот актерски талент, сите го коментираа и совршениот изглед на Хелена Папаризу.
Во годините што следеа, Хелена го продолжи својот успех и стана една од омилените пејачки и во Грција и во Шведска, каде што е родена.
Таа беше во брак со менаџерот Тони Мавридис, а по 12 години заеднички живот, парот реши да се разведе во 2015-та година.
Процесот бил исцрпувачки и долг, а странските медиуми потоа шпекулираа за тоа како пејачката и нејзиниот избраник дошле во конфликт околу поделбата на имотот.
По разводот, Хелена се вљубува во градежниот инженер Андреас Капсалис, со кој е во брак осум години, но сѐ уште немаат деца.
Пејачката денес полни 42 години, а изгледот на Хелена Папаризу е сосема поинаков. Иако видно се здебели, нејзините убави црти и прекрасна насмевка и понатаму се нејзин заштитен знак.
Она што не е сменето е стилот на Хелена, а судејќи по фотографиите, таа и понатаму носи кратки фустани како на почетокот на кариерата.