„Бракот не ни успеа, љубовта ја снема и секој по свој пат“: Сања Кужет искрено за разводот од првиот сопруг и бракот кој траеше само една година
Српската водителка Сања Кужет откри дека со првиот сопруг останала во добри односи пред се поради нивното дете.
На Видовден, Сања Кужет го роди својот трет син кој го доби името Вук. По тој повод нејзиниот емотивен партнер Немања Живојиновиќ организираше гала прослава на која се собраа бројни познати личности.
Сања и Немања, како што е познато, веќе имаат едно момче Страхиња, а од првиот брак, во кој го иамше пред десет години, убавата водителка го доби синот Андрија.
Сања Кужет го запознала својот прв сопруг на своето работно место. Поточно, додека таа градела водителска кариера, тој бил член на обезбедувањето на сопственикот на ТВ Пинк.
- Се забавувавме две години, а потоа се заљубивме, па се венчавме, родив дете, се разведовме, но сепак останавме во истото друштво - рекла Сања, која по само една година стави крај на бракот.
Водителката кажа зошто се случило тоа, но и како функционира денес со нејзиниот прв сопруг.
- Ако некој е добар човек, го делам мислењето дека после се можеме да останеме добри луѓе. Не мора да бидеме пријатели. Не мора да одиме да се заобиколуваме, напротив. Секој по свој пат. Но, поради нашето дете зошто да не бидеме во добри односи - изјави Сања во „Балканска Улица“ и додаде:
- На крајот на краиштата, јас го избрав тој човек, а тој ме избраа мене, затоа што имаме некои квалитети. Навистина не можам да кажам ништо лошо за него.
Во разговорот Сања Кужет искрено призна:
- Едноставно, заедницата не успеа. Љубовта ја снема.
Фото: Инстаграм
Извор: Informer.rs