Братско-сестринска љубов: Игор Џамбазов конечно со сестра си

Познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов конечно е заедно со својата сакана сестра Татјана. Тие се гледаат после долго време, а таа сподели фотографија од средбата со братот, под која симболично стои „reunion“.


Имено таа после цели 5 години се враќа во земјава, а тоа е одлична вест за семејството Џамбазови.

- После 5 години конечно си доаѓам дома! Еден меил пред летот ме потсети дека таму нема да сум многу на одмор, но барем конечно ќе сум опкружена со моите луѓе со толку многу ми недостигаат. Следна попатна станица, Виена- напиша Татјана додека патуваше до родната Македонија.

View this post on Instagram

A post shared by Tanja Dzambazova (@tatjanadzambazova)


Неодамна за нејзниот роденден, Игор напиша емотивна посвета за неа.

- Кога пред 30 години си замина од дома, сфатив дека Македонија е премала за тебе. Сега тоа го мислам и за светот. Среќен ти роденден, систер!