Од мајка ми научив како се сака - 24 години без Анче: Игор Џамбазов со емотивна посвета за мајка си

Од мајка ми научив како се сака. Ако сакаш, сакаш без поговор. Таа ме научи како да ги сакам најблиските, како да ја сакам својата професија, како да го сакам секој ден од животот. Ова последново не ми успеваше баш секогаш. И само тука ја разочарав - ни изјави во поранешно интервју легендарниот Игор Џамбазов, дете на извонредно талентирани родители и прекрасни луѓе – Анче и Александар Џамбазови и внук на Петре Прличко. 

 А има и тешки денови како овој денешниот, кога тој ѝ посветува посебни, емотивни зборови на мајка си, Анче.

„24 години без Анче...
Понекогаш ќе ми се појави во сонот, убава како на оваа фотка.
Ќе ми ја исчисти собата, ќе ми ја испегла кошулата за настап, ќе ми направи полнети пиперки, и на крајот ќе ме искара што пушам.
Со цигарата во уста. Тука си е Анче.
Некои луѓе просто не умираат...“ - напиша Џамбазов по повод 24 години од нејзината смрт.


Анче Џамбазова (Скопје, 3 март 1942 - Скопје, 30 септември 1997) беше југословенска и македонска филмска и театарска актерка. Ќерка на актерот Петар Прличко, сопруга на композиторот Александар Џамбазов и мајка на шоуменот Игор Џамбазов и Татјана Џамбазова.

Во изминативе неколку месеци познатиот шоумен Игор Џамбазов е актуелен по врската со партнерката Илина Арсова. Но, покрај нивните заеднички фотографии, често знае да објави фото-спомени кои му будат носталгија, и попатно да раскаже по некоја ангедота.

„Последната заедничка фотографија...1993...тато, мама, баба и дедо 5-ре“

Неодамна тој објави и фотографија од сестра му Татјана:

Татко и син - Александар и Игор Џамбазови:

Еве дел и од останатите фотографии од младоста на Игор.

Неговата драга мајка Анче, од која научил како се сака.