Браво: 15-годишната Душица од Струмица ја донираше косата за перика за деца болни од рак
Вест која топли срца ни доаѓа од Струмица.
Душица Јанева е 15-годишно девојче од Струмица кое ја скрати својата коса и ја донираше за изработка на перика за деца болни од рак.
За Струмица Денес Душица вели дека тоа го сторила бидејќи посакува и некое друго дете да се радува.
„Косата ја растам од мала и решив да ја донирам за хуманитарни цели со цел да насмеам и друго дете. Косата цело време ја негувам со природни препарати без никакви хемиски шампони и додатоци. Би сакала колку што можат повеќе девојчиња да го сторат истото, бидејќи насмевката е нешто непроценливо.“
Инаку, Струмица Денес пишува дека Душица косата ја испратила на здружението ЗЕДМ Сложувалка, кое пак ја донира на агенција во Холандија.
извор и фото: strumicadenes.mk
Поврзани вести:
(ФОТО) Петгодишната Дина донираше коса за децата болни од рак: Браво малечка!
Ми олесна, ја завршив мисијата: Јована ја донираше косата за перика за деца болни од рак