Симона од Скопје ја потстрижа долгата коса: Ќе ја донирам за изработка на перики за болните дечиња од рак

Добивај вести на Viber

Кога хуманоста нема граници, лимитот е само небото. А посебно кога ваква хуманост создаваат младите. 

Симона Георгиевска (18) од Скопје која учи во средното медицинско училиште Панче Караѓозов ја пострижа својата коса, а плетенката ќе ја донира во Холандија:

„Често во училиште се сретнував со разни болести меѓу кои е и ракот, кој за жал најчесто завршува фатално. Бидејќи нашата држава не изработува перики, мојата коса ја донирам во Холандија. Целта е да овозможам барем малку насмевка кај болните дечиња. Косата ја чував 7-8 години, годишно 3-4 пати ги обновував само врвовите„, вли Симона.

Браво девојче