Браво мама: Погледнете како изгледа кога родилката помага при сопствениот царски рез (ВИДЕО)
Оваа процедура е најновото медицинско достигнување, а на мајката и на детето им дава посебен вид на интимност
Помогнатиот царски рез, познат и како позитивен царски рез, им овозможува на мајките кои не можат да имаат вагинално породување да преземат поактивна улога во раѓањето на своето дете.
Постапката ѝ овозможува на мајката сама да го извлече своето дете од утробата, пред детето да биде ставено на градите. На целиот овој медицински потфат му претходат наоди кои потврдуваат дека мајката не е во ризична бременост и дека нема дополнителни ризици за мајката и детето.
За да се одржи стерилна циркулација за време на царскиот рез, лекарите внимаваат рацете и градите (на кои детето ќе лежи по царскиот рез) на мајката да бидат целосно стерилни. Овој тип на царски рез се изведува со помош на епидурална анестезија за родилката да биде во свесна состојба.
Фокус на ангажманот на мајката
На овој начин, фокусот се префрла од царски рез како пасивна операција и се фокусира на активно породување со вклученост на мајката.
Оваа постапка ѝ овозможува на мајката да преземе поактивна улога во раѓањето на своето дете, давајќи ѝ можност да се поврзе со своето дете на сосема интимен и поинаков начин.
„Станува збор за овозможување на жените поактивно да се вклучат во породувањето на своето бебе со царски рез доколку сакаат и ако е безбедно да го направат тоа. Оваа процедура им овозможува на жените да помогнат да го подигнат своето бебе од сопствената утроба и да го стават на градите, пречекувајќи го во светот со првиот допир и галење“, рече д-р Кол.
Погледнете како изгледа целата процедура:
Извор: www.bebac.com