БРАВО: Самохрана мајка ги засука ракавите, сама изгради куќа и си го оствари својот најголем сон
Мишел Бојл е Американка која морала да изнајми куќа во Орегон за 1.173 евра месечно и да го издржува своето семејство. Поради високата кирија и премалата плата, немала шанса да заштеди и да обезбеди нешто подобро за себе и за своите деца.
Работела како келнерка во кафуле, а целата плата ѝ одела на сметки и храна. Таа едвај врзувала крај со крај, се до моментот кога нејзините деца се осамостоиле. Тогаш решила да ги преземе работите во свои раце и да си изгради куќа.
Таа започнала да проучува упатства каде луѓето зборуваа за тоа како градат мали куќи. Со многу малку пари успеала да изгради куќа во која се вселила.
Мишел трошела 1.173 евра месечно за да изнајми куќа која имала три спални соби, кујна, бања, ходник и гаража - Сега живее во куќа од 18,5 квадратни метри.
За да го изнајми малото парче земја на кое стои куќата, Мишел плаќа само 58 евра, а во оваа сума влегуваат струја, вода и интернет конекција.
-Не само што сама ја изградив куќата, туку и ја дизајнирав - вели оваа храбра жена која две години собирала мебел и фантазирала еден ден да има свој дом.
Мишел вели дека е посреќна во оваа куќа отколку во големата што ја изнајмувала кога нејзините деца живееле со неа. Денес, Мишел гради и дизајнира куќи за други луѓе кои сакаат да ги намалат трошоците за живот.